Git --fast-version-control
Chapters ▾ 1st Edition

1.6 Како да започнам - Добивање помош

Добивање помош

Доколку ви затреба помош околу користењето на Git, постојат три начини да ги добиете страниците со кориснички упатства (manpage) за било која Git наредба:

$ git help <verb>
$ git <verb> --help
$ man git-<verb>

На пример, корисничкото упатство за config наредбата го добивате со извршување на наредбата

$ git help config

Овие наредби се корисни бидејќи може да ги извршите билокаде, дури и офлајн. Доколку страниците со кориснички упатства и оваа книга не ви се доволни, и ви треба лице за контакт, може да се обидете на #git или #github каналите на Freenode IRC серверот (irc.freenode.net). Овие канали вообичаено се посетени од стотици луѓе кои се одлични познавачи на Git и честопати се спремни да ви помогнат.