Git --distributed-is-the-new-centralized
Chapters ▾

2.1 Основи на Git - Добивање Git Репозитори

Добивање Git Репозитори

Git проект може да добиете на два начини. Првиот начин е постоечки проект или директориум да го импортирате во Git. Вторниот начин е клонирате постоечко Git репозитори од друг сервер.

Иницијализирање на Репозитори во Постоечки Директориум

Доколку сакате постоечки проект да почнете да го следите и верзионирате во Git, треба да отидете во директориумот на проектот и да напишете

$ git init

Тоа креира нов под-директориуми со име .git кој што ги содржи сите потребни датотеки - Gir репозитори скелет. Во тој момент, сеуште ништо од вашиот проект не се верзионира. (Во поглавје 9 може подетално да видите точно кои датотеки се наоѓаат во .git директориумот.)

Доколку сакате да почнете да верзионирате постоечки датотеки (наспроти празен директориум), тогаш треба да почнете да ги верзионирате тие датотеки и да направите иницијален комит. Тоа може да го постигнете со неколку git add наредби кои што специфицираат кои датотеки ќе бидат верзионирани, и на крај да направите комит:

$ git add *.c
$ git add README
$ git commit –m 'initial project version'

Во текстот што следи ќе го објасниме значењето на овие наредби. Во овој момент, имате Git репозитори со верзионирани датотеки и иницијален комит.

Колонирање на постоечки репозитори

Ако сакате да напревите копија од постоечки Git репозитори - на пример, сакате да се вклучите во некој постоечки проект - командата која ви треба е clone. Ako веќе имате познавања од други VCS системи како Subversion, ќе забележите дека наместо командата e clone а не checkout. Ова е важна разлика - Git зема копија од скоро сите податоци што ги има на серверот. Кога ќе ја извршите командата 'git clone' се симнува историјата на проектот за секоја верзија на секој фајл. Доколку податоците на вашиот диск се корумпираат можете да гo искористите било кој клон од било кој клиент за да ја вратите состојбата на вашиот сервер во моментот пред клонирањето (некои податоци ќе бидат изгубени, но верзионираните податоци ќе можат да се гледаат на дрвото. Поглавје 4 за повеќе детали)

Репозитори клонирате со 'git clone [url]'. На пример, ако сакате да ја клонирате Git библиотеката на Igor која се вика Grit, може да направите вака:

$ git clone git://github.com/schacon/grit.git

Со ова се креира директориум со име "grit", се иницијализира .git директориум во него, се земаат сите податоци за тој репозитори и се check out-ува работна копија од последната верзија. Ако влезете во новиот grit директориум ќе видите дека таму се сите фајлови од проектот на кои може да се работи или да се употребуваат. Ако сакате да клонирате репозитори во директориум чие име е некое различно од grit, можете да го направие со следната команда:

$ git clone git://github.com/schacon/grit.git mygrit

Оваа команда го прави истото како и претходната само што работниот директориум е со име mygrit.

Git има неколку различни протоколи за пренос кои може да ги користите. Претходниот пример го користи git://протоколот, но исто така може да забележите дека се користат и http(s):// и user@server:/path.git, кои го користат SSH протоколот за пренос. Поглавјето 4 ќе ве запознае со сите достапни опции на серверот кои може да се сетираат за да пристапи до вашето Git репозитори.