Git --everything-is-local
Chapters ▾

Chapter 2

Основи на Git

Доколку треба да прочитате само едно поглавје за да почнете со Git, тогаш ова е тоа поглавје. Ова поглавје ги покрива сите основни наредби кои што ви требаат за да ги изведете најголемиот дел од работите со Git. На крајот од ова поглавје, би требало да можете да конфигурирате и иницијализирате репозитори, да почнете и да престанете да следите (track) датотеки, промените да ги поставите на сцена (stage) и да ги комитирате. Исто така ќе ви покажеме како да го подесите Git да игнорира одредени датотеки и патерни од датотеки, како лено и брзо да поправите случајна грешка, како да го прелистувате историјатот на вашиот проект и како да гледате измени помеѓу состојбите, и како да уфрлите и повлечете измени од оддалечени репозиторија.